Излезноста до 13 часот безмалку 16 проценти

Излезноста до 13 часот на референдумот е 15,77% или 280.167 граѓани со право на глас го оствариле своето право да гласаат, соопшти Државната изборна комисија.

По општини, најголема е излезноста во скопски Центар и во Тетово – 26,29%, во Карпош со 23.97%, Крива Паланка со 22,36% и Сарај со 21,24%, додека најмала е во неколку мали општини со претежно македонско население.

Во поголемите центри со претежно албанско население, излезнсоста се движи околу 16%.

На локалните избори во 2017 година, излезноста до 13 часот беше 27,11%, а на парламентарните во 2016 година, 34,43%.

Оставете Коментар