“Изолираниот и антизападен” Мицкоски со Меркел, Туск, Јункер…

Додека провладините медиуми и власта упорно повторуват дека ВМРО-ДПМНЕ води антизападна политика а нејзиниот лидер е во тешка изолација шефот на македонската опозиција Христијан Мицкоски вчера и денеска учествува на собирот на европските десни партии (ЕПП) каде што се сретнал со повеќе европски лидери.

Мицкоски, иако пред три недели Македонската Информативна Агенција (МИА) најави исклучување на неговата партија од ЕПП, вчеравечер учествувал на средба на која биле присутни германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, австрискиот канцелар Курц и други лидери на европската десница.

За време на самитот на ЕПП Мицкоски се сретнал и со Хорст Зехофер, лидер на ЦСУ, најмоќната партија во најбогатата германска покраина Баварија кој е и федерален министер за внатрешни работи на Германија.

Во Хелсинки лидерот на ВМРО-ДПМНЕ разговарал и со актуелниот претседател на Европскиот Парламент Антонио Тајани.

Мицкоски во Хелсинки имал и кратка средба со унгарскиот премиер Орбан а предходно и со еден од двајцата кандидати на европската десница за иден шеф на Европската комисија Манфред Вебер.

SHARE

Оставете Коментар