Извинување откако во чест на Курц беше кренато латвиско знаме

Македонската влада денеска експресно упати извинување до Австрија за протоколарниот пропуст, кога на пристигнувањето на автрискиот премиер во Скопје беше постаено латвиско, наместо австриско знаме.

„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

SHARE

Comments are closed.