Изземање на судијката Кацарска поради роднински врски со оштетен

Судијката Добрила Кацарска е роднина со еден од оштетените во процесот за настаните на 27 април, тврди одбраната на обвинетиот Јохан Тарчуловски.

Од тие причини, Антонио Апостолски, адвокат на обвинетиот, побара изземање на судијката од овој процес.

Судијката Кацарска побара од адвокатот да го образложи ваквото барање. Апостолски вети дека во текот на денот ќе достават докази до судот.

Апостолски истакна и дека судијката Кацарска тенденциозно го води предметот.

SHARE