„Желбата на Владата е Договорот за решавање на проблемот кој со години ѝ тежи на нашата надворешна политика да има највисоко можно мнозинство во парламентот“, соопштија од кабинетот на Алексис Ципрас, по изјавите на Панос Каменос кој утрово побара за Преспанскиот договор да гласаат 3/5 од грчките пратеници во парламенотот и се закани со оставка.

Владата индиректно да ја отвори можноста за ратификацијата да гласаат 180 од 300 пратеници во грчкиот парламент, пишува „Катимерини“.

Каменос, кој смета дека договорот од Преспа е „лош“ и најави дека неговата партија „Незавсни Грци“ нема да гласа за негова ратификација, на вонредна конференција утрово побара за договорот да се изјаснат 3/5 од пратениците како што е предвидено во грчкиот устав кога се во прашање меѓународни договори.

Шефот на грчката дипломатија,Никос Коѕијас, неодамна изјави дека нема да биде прифатено ова барање на лидерот на помалиот коалиционен партнер од кој зависи опстојувањето на владата на владејачката СИРИЗА.

Денеска, пак, Коѕијас во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“, изјави дека во грчкиот во Парламент има мнозинство пратеници кои ќе го поддржале договорот за името.

Парламентарното мнозинство има 152 од 300 пратеници во парламентот и барањето за договорот да се изјаснат позитивно 180 пратеници е ризично.

Но, Каменос утрово постави три услови за да помине преспанскиот договор потпишан на 17 јуни: ако не биде ратификуван со 180 пратеници во парламентот, тогаш грчкиот народ треба да одлучи преку избори или на референдум.