Агенцијата за храна и ветеринарство откри можни нови 30 производители за кои постои сомнеж дека произведуваат генетски модифициран ориз.

„Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде. Денеска екипите се повторно на терен. Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде“, вели  Зоран Атанасов, директор на Агенција за храна и ветеринарство, пренесува „24 Вести“.

Атанасов најави зајакнати контроли и на граничните премини при увоз, покрај оние во земјата, а ќе има контрола и на реколтата ориз за идната година.

Со измените во законот во 2013 година во Макдонија е забранет увоз, производство и пуштање во промет на храна која содржи или е направена од генетски модифицирани организми и овие измени важат се до влез на земјата во  Европската Унија,