Јанкуловска го покажа бебето и иритираше дел од поддржувачите

Loading...

Преслаткиот мал Петар, синот на екс министерката Јанкуловска не е причина за незадоволството искажано на социјалните мрежи дури и кај нејзините фанови.

Фановите изразуваат поддршка на Јанкуловска во ситуација кога се соочува со затворска казна за случајот Тенк и огромен стрес да донесе на свет потомство но бараат и таа максимално да ги почитува своите поддржувачи.

Тие забележуваат за тоа што екс министерката за внатрешни работи се фотографирала со дрес на британскиот фудбалски клуб Ливерпул наместо со дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Тие разбираат дека Јанкуловска е голем фан на Ливепул но за екс министерката треба да е јасно дека ако сака пак да се занимава со политика кога се обраќа на македонската јавност таа мора да знае дека во земјава приоритет имаат националната репрезентација и домашните екипи како Вардар, Пелистер или било која друга македонска екипа чии фанови ја гласаат Јанкуловски и нејзините колеги на избори.

Втората забелешка за Јанкуловски се однесува на дресот во кој е облечен малиот Петар.

Во ситуација кога Јанкуловска се води како невработена за дел од нејзините фанови кои одвај врзуваат крај со крај краен цинизам е бебешкиот дрес на Ливерпул кој чини педесетина и кој за два месеци кога бебето ќе порасне нема да може да се користи.

Ливерпул годинава во финалето на лигата на шампионите загуби од Реал Мадрид.

Оставете Коментар