Јанушев: Помирување само ако престане политичката хајка (ВИДЕО)

„Од самиот почето ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека случајот 27-ми април е политички фабрикуван случај без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци.  Педесетина луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возврат да бара поддршка за договорот со Грција за преименување на Република Македонија“, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како одговор на понудата на премиерот Зоран Заев за помирување дадено од собраниска говорница кога ги спомна настаните од 27 април.

Јанушев уште рече дека „ова јасно покажува дека власта не само за 27-ми април, туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка само за да тргува за нивната слобода. Крајно неморално и крајно неетички“.

 

 

SHARE

Comments are closed.