Јапонката Ерика Јокојама за весникот „Оксфорд стјудент“ опишува три прослави на Божик на кои присуствувала во 2012 година, кога имала 17 години, при што раскажува и за славењето на Христовото раѓање во Македонија, заклучувајќи дека „кога станува збор за забава, Македонците се најдобри“.

„Се преселив во Скопје во Македонија на почетокот од јануари и неочекувано наидов на мојот трет Божик. Според македонскиот православен обичај, Божик се слави на 7 јануари, по Јулијанскиот календар. Пред тоа, на 5-ти, се одржува фестивал наречен ‘Коледе’. Децата се движеа од куќа до куќа, пеејќи песни во замена за слатки, пари и овошје, додека возрасните пиеја домашна ракија (овошно бренди) и танцуваа цела ноќ. Кога станува збор за забавите, Македонците се најдобри. Едвај можев да верувам дека тие само што ја прославија нивната Нова Година пред неколку дена! Од друга страна, на ‘Бадник’, вечерата спроти Божик, Македонците уживаат уникатно скромни јадења, вклучувајќи ореви, грав, печена риба и ајвар, специјалитет од црвена пиперка. Исто така, има и македонски еквивалент на норвешка каша, каде што една монета е ставена во леб, а лицето кое ја наоѓа се верува дека ќе биде среќно во претстојната година. Таа година наградата замина кај кучето на мојот пријател“, пишува Јокојама во текстот во кој се осврнува и на славењето Божик во Белгија и во Норвешка, на кои присуствувала пред да дојде во Македонија.

 

SHARE

Оставете Коментар