Љупчо „Бубо“ Каров, легендарниот Цацко од екипата на К-15, во гостување во отвореното студио на 1ТВ вели дека промената на името на државата со додавката „Северна“ е „нормална во 21 век“.

Таквиот став, сегашниот советник во актуелната влада го поткрепува со сопствениот пример – името Љупчо Каров за кое вели дека 90 отсто од луѓето не го знаат и прекарот Бубо.

„Јас имам додавка на името, јас сум Љупчо Каров, имам додавка на името Бубо, ако прашате кој е Љупчо Каров 90 отсто ќе ви кажат не го знаат кој е, а Бубо Каров го знаат сите.

Значи споредбата можеби не е соодветна меѓутоа како пример сакам да го кажам тоа дека една додавка не може да ти направи промена на идентитетот ако ти си сигурен во тоа што си и ти си секогаш тоа што ќе кажеш ти дека си, а тоа што технички ќе мораш некогаш да направиш некоја отстапка да направиш некој компромис, тоа е многу нормална работа посебно во 21 век“.

Во видеото подолу по 33 минута.

SHARE

Comments are closed.