Јасна Котевска до сеирџиите: Ќе ги влечете како лешинари во кал

Професорката Јасна Котеска преку социјалните мрежи испраќа порака до сеирџиите.

Таа не прецизира на што точно се однесува нејзината емотивна реакција која веројатно е испровоцирана од личното животно искуство.

Нејзиниот татко поетот Јован Котески помина неколку години в затвор во комунизмот поради активности поврзани со идејата за независна Македонија

,,До сите садистички скотови на твитер отсега сакам да ви кажам нешто за пресудите што следат.

Ќе ги влечете како лешинари во кал.

Ќе плукате по тие што се долу.

Ќе ја направите оваа земја уште понеподнослива одошто веќе е.

Затоа со време ви кажувам.

Вие. Вие сте тие најодвратните”, напиша Котеска на Твитер по што беше обвинета дека го брани ВМРО-ДПМНЕ на што таа одговара дека лично не е поврзана со ниту еден предмет кој се води пред македонските судови.

,,И не мислам на директните актери и криминалот во поранешната влада. Мислам на тие што ќе горат покрај нив. Твитот е за вас од партерот во циркусот, најодвратните со пуканките”, пишува Котеска.

SHARE