Јазична еквилибристика со преводот на „северна“

Лидерот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, ја актуелизира веќе подзаборавената дебата околу изборот за термин при преводот на додавката „северна“ на англиски јазик – north или northern и зошто е направен изборот на North Macedonia.

„ На прашањето зошто, одговорот е многу едноставен. Именувањето на државата е поради изведувањето на националноста од името на државата. Имено, со име на државата “Republic of North Macedonia“, ние треба да бидеме и да останеме “North-Macedonian“ или “Северномакедонци“ како еден збор, тоа што Атина цело време го сакаше – композитно име составено од два збора запишани во едно. Eтнитетот “Македонци“ односно “Macedonians“ Грција ексклузивно го задржува само за себе! Затоа и во Спогодбата има одредба со толкување што треба ние да мислиме за ентитетот Македонци, за себе, а што за него мислат Грците и Атина. Тоа Грција го бараше цело време: Нашата етнологија да се трансформира во географија, бидејќи ниту за Софија ниту за Атина не постои македонска нација“, анализира Петров.

Бидејќи “North“ е именка и значи “Север“ а и “Macedonia“ е именка и значи “Македонија“, а името на државата е композитното (сложено) име е “North Macedonia“, националноста од композитното (сложено) име “North Macedonia“ по автоматизам ќе биде “North-Macedonian“, односно “Северномакедонец“.

„За разлика од именката “North“, “Northern“ во Англискиот јазик е придавка и значи “Северен“. Доколку името на државата е “Northern Macedonia“, националноста треба да биде “Northern Macedonian“. Очекувано е да остане само “Macedonian“, а “Northern“ да исчезне, затоа што во Англискиот јазик “Macedonia“ е именка, а “Northern“ засекогаш ќе остане тоа што e – ПРИДАВКА!“, прецизно воочува Петров.

Оваа јазична еквилибристика поради Англискиот јазик, Атина ја искористила многу перфидно за демонтажа на етнонимот “Macedonian“ во ентитетот “North-Macedonian“, односно на етнонимот “Северен Македонец“ во ентитетот “Северно-Македонец“ или “Северномакедонец“. Грција успеала да наметне композитно име составено од два збора кој може да се чита во едно! Како што за нас Македонците, лице од Нов Зеланд ќе биде “Новозеланѓанец“ а не “Нов Зеланѓанец“.

SHARE

Comments are closed.