Јоци: Со селско-агресивна реторика на поделби, Заев ќе водел во Европа

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци ја коментира кампањата на власта за претстојниот референдум, со акцент на „селско-агресивната реторика на поделби“ на премиерот Зоран Заев.

„Тој што решил да гласа ‘за’ на референдумот, ќе гласа. Истото се однесува и на оние кои се ‘против’ или нема да излезат.
Кампањите ништо нема да сменат.

Заев шета од населба во населба и говори по час или час и половина, во најголем дел пред членство, и тоа вчера можеше да се види на снимката во Карпош, бидејќи повеќето ликови ги знам како активни членови долги години.
Џабе потрошени пари и енергија.

Реториката е буквално предизборна, а не референдумска. Чудесии.
Заев, оние кои нема да излезат, јавно ги прогласува за противници на Македонија.
И со таква селско-агресивна реторика на поделби, тој ќе водел во Европа“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ жестоката критичарка и на претходната власт.

 

Оставете Коментар