Поранешен бугарски дипломат вели дека референдумот во Македонија е избор помеѓу Европа и изолација, но тоа овозможува да се смени и името на земјата. Прашањето за референдумот ги комбинира овие работи, но тоа е како санта лед – има доста невидливи нешта, вели Александар Јорданов za bTV.

Преспанскиот договор ги отфрла претензиите на Македонците за античкиот период, но според Јорданов, Грците им даваат право на Македонците за историјата потоа да се изјаснат како сакаат и да си изберат која историја сакаат.

„Тука е проблемот – влегуваат на територијата на бугарската историја, но Македонците мора да прифатат дека имаме заедничка историја. Проблемот со нас ќе си остане, не може да се откажеме од научната вистина, таа не треба да се меша со политиката “, вели Александар Јорданов.

SHARE

Comments are closed.