Изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско не е случајно дадена оценка. Тоа е израз на едно 70 годишно фалсификување на бугарската историја без преседан. 7 децении прават напори за искоренување на бугарското национално сознание и насилно наметнување на мекедонизмот на над 2 милиони Бугари. Таква денационализација е без пример во европската историја…

Ова го вели Доцент д-р Јордан Величков во денешното интервју за бугарски „Труд“.

„Што да очекуваме од Зоран Заев и од политичката врхушка во Скопје, за кои македонизмот е доходовна професија која ги мотивира да гледаат на неа како на смисла на својот живот. Во името на таа професија, не само што ја фалсификуваат историјата, туку и ја менуваат националната припадност на нивните претци (…)“ вели Јорданов.

Имајќи го ова предвид, тој факт требало да го имаат предвид бугарските политичари. „Не можете да им се верува на луѓе кои отичле толку далеку во откажувањето од својот род.

„Заев нема голем избор при опстојувањето на таа погрешна теза за македонизмот. Доколку биде поразличен, тој едноставно нема да биде во политиката и како ништо може да ја сподели судбината на покојниот претседател Трајковски“, вели Јорданов.

Јорданов, инаку предавач по меѓународно право и дипломат, вели дека Бугарија направила „сериозна грешка“ кога се договорило да се оценуваат историјата и заедничките датуми во неа.

„Нема заеднички датуми и заедничка историја, историјата е една! До крајот на Втората светска војна  во реонот на Македонија има само една историја и тоа е бугарска. Сите факти и податоци говорат на еден и ист начин а бугарскиот карактер на населението кое 1.000 години години живее со него (бугарскиот карактер-н.з.)“.

Јорданов смета дека бугарската страна не одговорила адекватно и професионално на „скандало’ кога Заев изјав дека Илинденското востание е македонско.

„Министерката за надворешни требаше веднаш да го повика амбасадорот на Македонија и да му врачи протестна нота“, вели Јорданов кој одговарајќи на прашањето на „Труд“ вели дека не е потребно„замрзнување“ на Договорот за добрососедство.

„Не да се замрзне, не да читаме некаково наводно извинување на Фејсбук. Треба да им се каже јасно и точно, категорично да се застане на тезата: никакви договори, пазарења, општо оценки. Историјата е јасна – таа е прецизна исто како и математиката.

До 1944 нема заедничка историја, зоѓто до тогаш немало Македноци“, вели д-р Јордан Величков во Интервјуто за бугарски „Труд“насловено „На Балканот ќе продолжи да мириса на барут“.

2 Коментари

  1. kak si nekoj ” docent doctor” mnogu debeli zeleni treses duri sto nema vo kakva kvalifikacija da bides staven, sigurno ne i vo demir kapija zaso tamu se od huani pricini a ti so debeli diplomi sertifikati i so tezok sindrom na nacional-shovinizam moze samo da ti se smeeme na glupavosta !…. idem uskoro kod kucata na cvecata da mom “ocu” Gospodina Druga TITO zapalim svecu za toa sto nas stvorio nas “dole” makedonci vo Makedonija ! ! ! Crkni bre ! ! nie SME MAKEDONCI i toa ke ostaneme a ti ke crknes kak si nekoj blagonadezen i visoko shizofren b’lgarin ! DA ZIVEE MAKEDONIJA I MAKEDONCITE ! ! SMRT FASIZMU SLOBODA NARODU ! !

  2. Този професор е от ДС. В момента ДС+УДБа работят против подобрението на отношенията между България и Македония.

Comments are closed.