Јункер: Атина и Скопје итно да го решат спорот

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги повика Атина и Скопје да го решат деценискиот спор околу името на Македонија.

„Сакам да ја истакнам итноста за решавање на ова прашање“, рече Јункер на специјалната седница во грчкиот парламент, објави агенцијата Ројтерс.

Јункер истакна дека Грција е еден од столбовите на стабилноста на Балканот, објави грчката агенција АНА.

Јункер исто така порачал дека двајца грчки војници, притворени во Турција во март, мора да бидат ослободени.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на средбата со Јункер рекол дека Грција никогаш порано не биа толку посветена за решавање на овој проблем.