Како да се замолкне Ферид Мухиќ – планови и идеи

Професорот Ферид Мухиќ, независен пратеник во коалицијата предводена од СДСМ, станува сè поопасен за имиџот на власта со своите ставови за името и за договорот со Грција.

Со оглед на тоа што оваа тема ќе биде актуелна во наредниов период, а професорот нема намера да се повлече од јавноста и да калкулира со своите јавно изложени ставови, владината коалиција размислува „да го омекне“ со амбасадорско место во Босна и Херцеговина.

Со добивање на ваква функција професорот би ја крунисал својата политичка кариера во земјата во која е високо почитуван и каде што е претседател на Бошњачката академија на науките и уметностите.

Дополнително, како амбасадор тој без дозвола од МНР нема да може да дава јавни изјави со кои ќе прави штета на владеачката гарнитура за прашањата за кои сега е жесток.

Првичните разговори за оваа тема се веќе направени со луѓе блиски до него, но, според сознанијата на expres.mk, тие на „емисарите“ им порачале дека професорот нема намера своите чест и ставови да ги тргува за државна функција.

Во планот за скротување на Мухиќ се и други понуди за високи функции за негови блиски луѓе, но и јавни напади и обид за негово денунцирање во јавноста.

Професорот по филозофија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е еден од највлијателните македонски интелектуалци, кој бил визитинг професор на низа врвни светски универзитети.

Пред неколку дека во интервју за Канал 5 изјави дека со договорот со Грција Македонците го губат својот идентитет. Претходно, гласаше против договорот во Собранието.

Фалсификат: Мухиќ воопшто не гласал за “бесмислениот договор” за името

3 Коментари

  1. Писмата што Шекеринка ги прати до 29 членки на НАТО се потпишани под Република Северна Македонија!!!

  2. Изјава на Игор Јанев на ФБ, Igor Janev: Најгоемо оружје со које во јавноста ВМРО-ДПМНЕ може да парира на СДСМ е дека постои правно решение во ООН со које можеме да воспоставиме уставното име Република Македонија во ООН и со тоа да го затвориме проблемот со името. Се додека ВМРО и Претседателот не прифататовој факт и објаснат дека постои решение за името со које ќе добиеме право на користење Република Македонија во ООН, бранителите на Договорот со кои се брише идентитет ќе бидат во стратешката предност во однос на сите други кои сметаат дека Договот е бесмислен и штетен! Го повикувам претседателот Иванов да се изјасни по ова прашање!
    ВМРО-ДПМНЕ исто така мора да размисли и прифати единствено оружје со које можеме да воспоставиме уставното име Република Македонија во ООН, бидејќи без тоа ќе остане инфериорна во својата аргументација!

Comments are closed.