Како ЕУ дава преговори за членство и како ја „реши“ ФИРОМ/Северна Македонија

Извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристеска, објаснува што доби вчера Македонија во Брисел.

Таа смета дека е погрешно да се тврди дека Европски совет донел одлука за почеток на преговори со Македонија! Кога Европски совет носи ваква одлука, заклучоците се вакви:

„On enlargement, the European Council endorsed the Council’s conclusions and recommendations of 25 June 2013. It decided to open accession negotiations with Serbia“.

(За проширувањето, Советот на ЕУ ги поддржа заклучоците и препораките од 25 јуни 2013. Одлучи да почне преговори со Србија – 27/28 Јуни 2013 – Заклучоци на Европски совет).

„Кај нас вчера го реши следното“, објаснува Ристеска:

„the Council agrees to respond positively to the above progress made by the former Yugoslav Republic of Macedonia and sets out the path towards opening accession negotiations in June 2019“.

(Советот се согласи да одговори позитивно на прогресот и да направи пат кон отворање преговори во јуни 2019 – 26 јуни 2018 – Заклучоци на Европски совет)

Значи, одлука НЕМА!

Второ, според Ристеска, се овластува ЕК (i) јасно да го следи и да известува за напредокот на реформите и (ii) нејасно да почне подготовка за преговори.

„Зошто тврдам дека последното е нејасно што ќе прави ЕК? Затоа што не дава јасна слика што ќе биде резултатот од подготовката“, прашува и одговара Ристеска.

Таа објаснува дека, кога Советот одлучува да почне преговори, ЕК подготвува рамка за преговарање како во заклучоците за Србија од 2013 година, каде што јасно се кажува дека рамката за преговори ќе биде усвоена и потврдена од Советот на ЕУ на редовна седница за проширувањето.

(„the negotiating framework will be adopted by the Council and confirmed by the European Council at its usual session on enlargement“.).

Во случајот со Македонија, Ристеска тврди дека Советот не ја задолжува ЕК да подготви рамка за преговори, нити го обврзува Советот дека ќе ја усвои и потврди…

Според професорката, нејасно е и што треба да се направи во нашиот Парламент и дури потоа да се потврди од Европски совет ….. („The Council recalls that the decision to open accession negotiations with the former Yugoslav Republic of Macedonia will be subject to completion of national parliamentary procedures and the endorsement by the European Counci“).

Ристеска, која беше меѓу иницијаторите на групата 200 интелектуалци кои побараа прекин на преговорите за името и забрзување на внатрешните реформи, елаборира зошто тие постојано апелирале да не се брза.

„Прво реформи, а не договор за името! И со договор може да нè сопираат на секој чекор; ќе изгубиме сè на почеток и нема да ја постигнеме целта! Нашите политичари нè убедуваа дека сме ретроградни, а види, тоа сме биле визионери… сме гледале шест месеци порано што ќе биде исходот!“, пишува Ристеска за тоа што вчера Македонија го доби од ЕУ.

 

SHARE

Comments are closed.