Ванчо Петрушевски остави неизбришлива трага во македонското актерство, но ќе остане запаметен и по пламените говори за време на ланските протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ против Тиранска платформа.

„За нас, за луѓето кои го поддржуваме овој протест, за луѓето кои што учествуваме на овој протест, знае и Европа, и Америка, и Русија, сите знаат. Знаат и нашите непријатели, кои што сакаат ние да попуштиме и да се откажеме. Нема откажување! Сега се работи за македонскиот народ“, ќе порача Петрушевски во едно од своите обраќања по маршовите од пред Влада до Собрание на тоа што десетици илјади демонстранти секојдневно го пропешачуваа, а го нарекуваа „патека на државноста“.