Како говореше Проф. Шкариќ за името? – Кога науката станува пазар

Еден од најпринципиелните професори во историјата на правниот факултет во Скопје деновиве ја шокираше јавноста со своите ставови за договорот за името со Грција.

Светомир Шкариќ, човекот што со децении тврдеше дека Македонија поради низа правни, политичи и историски причини не смее да прифати менување на името сега од непознати причини го тврди спротивното.

Во неговите трудови има огромен број на забелешки и ставови кои што се дијаметрално спротивни на тоа што сега го заговара професорот по уставно право. Сега Шкариќ смета дека со договорот не се крши ниту уставот ниту меѓународното право иако голем дел од својата кариера дури и многу побенигни предлози за името ги сметаше за национално предавство и спротивно на македонскиот устав и закони.

Во својот труд насловен како „ Името Македонија во македонско-грчките односи“ на страна 101 и 102 професорот Шкариќ пишува:

„Во таков контекст, Република Грција со предложеното име всушност се залага за дезинтеграција на Република Македонија и за нејзиното исчезнување како самостојна држава…

Грчкиот монопол врз името е неодржлив и од следниве причини:

Прво, дел од регионот на Македонија за прв пат во историјата дојде под грчка валст во 1913 година, по втората балканска војна, односно поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор;

Второ, Република Македонија со вкупната своја територија е сместена во Македонија, а северната грчка провинција која сега го носи името Македонија само е еден мал дел од вкупната територија на Грција

И трето, македонскиот народ своето име го носи со векови, а неговата држава се означува како македонска повеќе од педесет години, што не е случај со грчката северна провинција.

Парадоксално е една провинција да има предност во однос на меѓународно призната држава! Парадоксот станува уште поголем во услови кога барањата на Грција за промена на името Република Македонија немаат ниту правна, ниту исторска основа.

Спротивно од Грција, Република Македонија нема никакви аспирации за монопол на името Македонија, иако на нејзина страна се историските и правни аргументи. На Република Македонија не и пречи што северната грчка провинција се вика Македонија, исто како што на Велика Британија не и пречи што областа Бретања во Франција или на големото војводство Луксембург, провинцијата Луксембург во Белгија. На Република Македонија, меѓутоа, многу и пречи што таа е единствената држава во историјата на меѓународните односи чијшто прием во ООН е условен со промената на сопстевното име“.

Ова професорот Шкариќ го објавил во свој труд но најверојатно тоа веќе не важи. Тој сега молчи и се крие од јавноста да објасни зошто врвен интелект како него ги сменил ставовите преку ноќ. Само пред два месеци тој имаше сосема поинакви ставови од тие што ги прокламира деновиве.

Comments are closed.