Оваа шега на тема означување на македонските артефакти од антиката како културно наследство на грчката хеленистичка култура на најдобар начин ги отсликува апсурдите во договорот со Грција.
Согласно договорот спорни се и сите јавни објекти на кои што го има сонцето од Вергина (Кутлеш).
Шеговити корисници на социјалните мрежи направиле комбинација од двете клаузули во договорот и прикажале како ќе треба да се означуваат во иднина македонските шахти на кои од непознати причини се наоѓа 16 кракото сонце.