Како ќе гласи референдумското прашање?

Законските обврски организирање на референдум да мора да биде поврзано со стапување во сојуз со странски ентитети и потребата граѓаните да дадат дозвола за промена на уставот ја обликува формата на референдумското прашање.

Повеќе владини институции и експерти досега дале предлог за прашањето за кое најверојатно на почетокот на октомври ќе треба да одговорат позитивно или негативно.

Главниот фаворит за прашањето засега е оваа форма: Дали сте за нашата земја да се зачлени во ЕУ и НАТО под името Република Северна Македонија со што тоа име би било за севкупна употреба?

За референдумот да биде успешен треба да излезат минимум 900.000 граѓани и повеќе од 450.000 да заокружат ЗА.

Освен со За и НЕ граѓаните имаат право да го поништат ливчето или пак да не излезат на референдумот.

2 Коментари

  1. ПО ПРАЌАЊЕ ПИСМОТО НА МНР ДО 190 ДРЖАВИ ЗА НОВОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, АКО ИВАНОВ НЕ ПРЕЗЕМЕ ПРОТИВ-МЕРКИ, ТОЈ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕЗИМА НА СЕБЕ ИСТОРИСКАТА ОДГОВОРНОСТ!

  2. Како да е битно како ќе те убијат, со стрелање или бесење. Убиство е убиство. За да се спасиме треба да побегнеме од референдумот! БОЈКОТ! Тоа ви го велев и за локалните, ама ДПНЕ и СДС пак ве прелажаа и ве оставија со прстот в уста! До кога! Не ви е мило сонцето и слободата? Не ви е страм од оние кои животот го дале за Македонија? Не ве гризе совеста за неродените Македонци што им оставате во наследство? Доста размислувате со дебелото црево! Тој што ве створил ви дал и мозок. Употребете го веќе еднаш!

Comments are closed.