Како ќе разговараат Ципрас и Заев за името?

Комуникацијата меѓу премиерите на Грција и Македонија на која што треба да биде договорена содржината на текстот во заградите посветен на терминот makedonski ќе се одвива преку телефонски смарт апарат на интернет а не преку класична жичена телефонија.

Од мноштвото сервис за орална комуникација Заев и Ципрас го одбрале сервисот whatsApp кој освен високото ниво на квалитет на разговорите нуди и соодветно ниво на заштита.

Дополнително службите за безбедност за премиерите користат и дополнителни крипто кодови со цел максимална заштита на разговорот.

Дали со цел да се избегнат идни недоразбирања во комуникацијата разговорот ќе се води преку преведувачи или директно на англиски јазик не откриваат ни двете влади.

Засега нема информација ниту дали разговорот ќе биде снимен за подоцна да се анализира.

Според најавите разговорот треба да се случи најдоцна до петок.