Како неутралец го доживеа филмот ,,Ругање со Христос” на Јани Бојаџи

Професорката од Факултетот за ветерина Благица Сековска која е активист за зачувување на животната средина со оценка за филмот Ругање со Христос, кој беше осуден од албанските партии и премиерот Заев дека е антиалбански и тоа на невидено

“Еве откако преспав и малку се созедов од првиот жесток впечаток на филмот “Ругање со Христос” можам да кажам дека филмов најмалку се занимава со конфликтот во 2001……

Главниот лајт мотив му е бесмисленоста на сите наши балкански конфликти, преку судбината на поделената Македонија. Филмот длабоко задира во многу жестоки теми живот, смрт, љубов, Бог….уметнички е брилијантен, прва лига камера и фотографија….актерска екипа лудница…..ни Н од национализам….боли од што е вистинит…

Тие што го забраниле немаат појма од уметност…Филмот е длабок и повеќеслоен и те остава без здив…..Толку е повеќеслоен што едно гледање е малку. Едвај чекам да го гледам втор пат. Има толку многу убави пораки, толку многу вистини….

Ке одделам само една реченица која кажа се “На Балканот живите не им даваат на мртвите да си починат, а мртвите не им даваат на живите да живеат”…..

Сепак на крај можам да заклучам дека имаме ново големо име на филмското небо над Македонија….Мој длабок наклон маестро Јани Бојаџи”, пишува професорката Сековска која важи за објективен набљудувач на македонските премрежија, не е националист и подеднакво ги критикува сите политички опции кога грешат.

SHARE