Како од Македонец се станува Бугарин (ВИДЕО)

Наспроти трендот на  многу Бугари кои сакаат да ја напуштат својата татковина, бугарска ТВ НОВА раскажува приказна за тројца Македонци кои избраа да останат во Бугарија.

Во последните 17 години 71.000 Македонци добиле бугарски пасош. Ова е околу 3  од популацијата на Македонија

Ова е резултат на тенденцијата на поголемиот дел од Македонците да бараат бугарско државјанство за да можат слободно да патуваат и да работат во Европската унија.

Но, тројца млади луѓе направија поинаков избор.

„Тие се во нашата земја 10 години. Еден од нив требаше да почека пет години за да добие пасош“ се вели во репортажата на ТВ НОВА во која се споменува и фактот дека во Бугарија има 1.2  милиони празни живеалишта.

Никола Колев има 29 години. Во Бугарија е од 2007 година и е специјализант за васкуларна хирургија.

Столе Велков е роден во Кочани, Македонија. Живее во Бугарија од 2011 година. Дипломирал полутички науки на Софискиот универзитет и наскоро беше избран за претседател на Македонско-бугарското друштво за пријателство.

Круме Андреев е роден во Велес, Македонија. Од 2009 година живее во Софија. Дипломирал на Техничкиот универзитет со специјалност Авијациска опрема и технологии и сега работи во високото училиште.

„Главната причина што дојдов во Бугарија беше да се здобијам со квалитетно образование, а подоцна сфатив дека ќе биде подобро за мене да останам тука“, рече Никола.

Што е причината на другите на следниот линк.