Како зборуваше Ратка Димитрова во 1993 година

„Почитувани пратеници, сега во минута до 12 ни останува да констатираме дека со прифаќањето на овие услови за прием се отвора процес на државна и национална самоликвидација. Од моментот на преименувањето, престанува реалноста во РМ “.

Ова е дел од обраќањето на пратеничката Ратка Димитрова од 1993 година во врска со прифаќањето на референцата ПЈРМ (FYROM) со која Република Македонија беше примена во Обединетите нации.

Во обраќањето, Димитрова која е мајка на министерот Никола Димитров, уште вели:

„Останува историската одговорност на претседателот на републиката Киро Глигоров што ни во еден момент не ги  свика сите политички субјекти во земјата и не се ни обиде да постигне консензус…“

SHARE

Comments are closed.