Каква роденденска честитка ќе добие Груевски од Апелација!?

Експремиерот денеска, на својот 48 роденден, пред скопска апелација и на јавна седница ќе ја образложува жалбата што ја поднел против изречената затворска пресуда во случајот „Тенк“.

Седницата вчера беше одложена за денеска бидејќи Никола Груевски и неговите адвокати беа на рочиште за случајот „Шамари во Центар“.

Во случајот за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ вреден 600.000 евра, тој доби затворска казна од две години, на што приложи жалба.

Ако Апелациониот суд ја потврди казната, односно доколку ја зголеми или намали, Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна.

Доколку го врати предметот на повторно судење, реални се шансите тој да избегне затвор бидејќи предметот за тоа кривично дело ќе застари на 31 октомври годинава.

SHARE