Каламарис: Со „Северна Македонија“ целта е дестабилизација на Балканот

Економистот Јоаким Каламарис од Бугарија смета дека со името „Северна Македонија“ се цели на дестабилизација на Балканот и на постојани тензии меѓу христијанските држави во регионот.

„Името ќе продолжи да се користи како ‘Македонија’, а ‘Северна’ ќе остане во историјата. Имајќи предвид дека во тој договор официјалниот јазик се опишува како македонски, а идентитетот како Македонец, тоа го одзема правото на останатите страни, дури и историски, т.е. нема да има право некој да вели ‘Јас сум од Македонија’ или граѓанин на Серес да каже ‘Јас сум од Макдонија’, бидејќи веќе со ратификацијата и со признавањето од грчка страна му се одзема тоа право. Така што, официјалното ратификување од грчка страна создава повеќе конфликт, а не помалку. Во ситуација кога тие ќе имаат право да се наречат Македонци и секој може да спори дури и во кафуле со нив, тоа ќе има криминален аспект во меѓународното и во локалното право. Проблемот е сериозен“, вели за бугарското радио Фокус грчкиот бизнисмен што се занимава со управување со имоти и со градежништво во Бугарија.

Според него, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе остане во политичката историја на регионот како уривач на сè постигнато, а неговата партија СИРИЗА нема да победи на следните избори и тој повеќе нема да биде премиер.

 

Оставете Коментар