Калашникови „играле“ во казино на „Партизанска“

Две лица вооружени со автоматски пушки извршиле вечерва тешка кражба во казиното „Астра“ на булеварот „Партизанска“, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар „Лептокарија“ и поликлиниката „Букурешт”.

Кражбата е извршена вечерва околу 22:00 часот, извести порталот „Курир“.

Полицијата го потврдила случајот. Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта, со фантомки на главите и со калашникови. Едниот од напаѓачите испукал два куршума во таванот на казиното.

Нападот траел молскавично. Откако ги зеле парите, ограбувачите влегле во возило, кое ги чекало и избегале во непознат правец.

Не е соопштено колку пари се ограбени.