Престрелка среде Скопје, неофицијално едно лице загина, еден се бори за живот(ФОТО)

Три лица биле нападнати вечерва околу 00.25 минути со автоматско оружје на улицата Рузвелтова.

Нападнатите биле во возило Сеат Алтеа сива боја кое што било следено од џип Лендровер со зелена боја кое што било забележано од очевидци.

Нападот се случил пред седиштето на СЈО но возилото на нападнатите се движело уште стотина метри до кафетеријата Жапон каде откако удрила во две возила Алтеата запрела.

Според очевидци еден од нападнатите барал помош која што се обиделе да му ја пружат луѓе од околните локали по што за само неколку минути пристигнала полиција и брза помош.

Џипот Ландровер продолжил кон Зоолошката Градина.

Според неофицијални информации еден од нападнатите загинал веднаш а едно лице е на интензивна нега на Скопските клиники.

Според непотврдени информации еден од нападнатите е близок роднина на Џеладин Ајети – Џељо од скопската населба Ченто кој загина во напад со калашњиков во неговата чајџилница во 2013 година.

Пред 4 дена во скопската населба Ченто со калашњиков беше извршен напад врз возило мерцедес но за среќа возачот преживеа.

SHARE

Comments are closed.