Калуѓерките од Рајчица злоупотребени од една партија за референдумот (ФОТО)

Членови на една политичка партија денеска за политички цели и агитирање ги злоупотребиле калуѓерките од манастирот Свети Ѓорѓија во селото Рајчица во Дебар.

Најверојатно член на избирачки одбор од една партија или лице на кое што избирачкиот одбор му дал дозвола да фотографира ги сликал калуѓерките додека гласаат и потоа ги објавил на социјалните мрежи.

Дури и калуѓерките да дале дозвола да бидат сликани членот на партијата не смеел да ги објавува нивните фотографии ниту воопшто да фотографира во просторија каде што се гласа.

Сестринството од манастирот во Рајчица кое е под јурисдикција на манастирот Свети Јован Бигорски важи за хумана заедница која што поради својата помош за граѓаните има големо влијание во Дебарско – реканскиот крај не само кај православните Македонци туку и кај сите други граѓани, муслимани, Албанци, Турци, Роми и други.

МВР пред два дена упати предупредување до сите граѓани дека ќе преземе најстроги мерки против сите кои што фотографираат граѓани на избирачките места.

Според информациите на expres.mk иако локалната полиција во Дебар каде што се наоѓа манастирот Рајчица и избирачкото место каде што се случил инцидентот, знае за манипулацијата не презела никаква активност за спречување ниту пак досега е уапсен човекот што ги прекрши изборниот законик и предпредувањето на МВР.

По завршувањето на изборниот молк expres.mk ќе го објави името на сторителот и на луѓето кои што ја споделувале неговата информација и фотографии на социјалните мрежи иако знаеле дека со тоа го кршат законот.

SHARE