Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон

„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита и мора да се спроведе“. вели академик Владо Камбовски во изјава за порталот „Сакам да кажам“.

За организирање отпор кон законита одлука, според Кривичниот законик, може да се добие затворска казна и до три години, а доколку дојде до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, пропишана е  казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица, пишува порталот.

7 Коментари

  1. Povtorno ovoj vampir po profesija aramija , a vo slobodno vreme mesetar i prevarant ,saka da odraboti nekoja paricka? Inaku vo poslednava godina mnogu e aktiven vo ” pomaganje” za vrabotuvanje,diplomiranje,polaganje i sl. raboti.
    Do koga bre so ovie fosili ke imame rabota, na koj ni nsjsvetoto im e tygjo?

  2. Овде има работа за психијатар. Може да се казни ако некој повикува на пример на денот на гласањето да се формира кордон околу гласачките места и да не им се дозволи на тие што сакаат да гласаат да го остварат своето право. Повикување на бојкот во никој случај не може да биде кривично дело, затоа што не гласањето е еден од начините на гласање. Очигледна е паниката кај квислинзите од тоа што Македонците не сакаат доброволно да се само укинат како народ. Како тоа не беше кривично дело кога СДСМ повикуваше на бојкот за територијалната поделба во 2004 година.

  3. Многу ме интересира како ќе ме натераат да излезам на референдум … Не излегувам, bitchez, БОЈКОТИРАМ

Оставете Коментар