Каменос бара референдум за договорот за името

Loading...

„Независни Грци нема да дозволат без референдум или избори да се гласа за договорот за  името во парламентот изјави денеска на вонреднарта прес-конференција Панос Каменос.

„Сакам јасно да кажам дека договорот нема да биде ратификуван без одобрение од народот. Луѓето ќе одлучат ако нема 180 пратеници“, рече лидерот на помалиот коалиционен партнер во владата на Алексис Ципрас.

Панос Каменос рече дека „договорот е лош и јас ќе го сторам она што можам да го блокирам“.

Министерот за одбрана истакна дека ако владата се обиде да го усвои договорот од парламентот со 151 пратеник, тогаш тој нема да ја јаде својхата поддршка, доколку за него не гласаат 3/5 од пратениците или 180 пратеници.

Парламентарното мнозинство СИРИЗА/Незавински Грци има само 152 од 300 пратѕеници во парламентот.

Каменос вчера не се појави на владина седница и грчки медиуми шпекулираа кои се причините за тоа.

На новинарите им беше објаснето дека тој имал „важен телефонски разговор“ а некои медиуми шпекулираа дека тоа е поврзано со скопското прашење.

Синоќа беше јавено дека денеска Каменос ќе одржи вонредна прес конференција.

Пред двва дена Каменос изјави дека нема да даде поддршка на преспанскиот договор кога тој ќе дојде на гласање во парламентот.

Од партијата и вчера изјавија дека е можно патиштата на коалициони партнери да се разминат.

 

2 Коментари

  1. Vakov referendum vo GR za imeto na nashata drzhava e isto kako sega Republika Srbija da organizira referendum vo Srbija kako ke se vika Crna Gora! Haha, pretpostavuvam nema da bide Crna Gora, tuku Zapadna Srbija!

  2. Sekogash vo istorijata koga se ponishtuval identitet na eden narod, se pravil so prethoden plan koj imal za cetal strategijata za ASIMILACIJA!

Comments are closed.