Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, ги повика САД да ја зголемат билатералната безбедносна соработка со Грција, a Вашингтон да го прошири своето воено присуство во Волос и Александропулос, како и во Лариса.

За време на состанокот со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис вчера во Пентагон, Камеос рекол:

„Многу е важно за Грција, Соединетите Држави да распоредат воена опрема во Грција на перманентна основа не само во Заливот Суда, туку и во Лариса, во Волос, во Алекнадапулос“, пренесува „Катимерини“.

Според соопштение од Пентагон, Матис му се заблагодарил на Каменос за континуираната поддршка на Грција за САД, во заливот Суда на островот Крит, кој е клучен логистички центар.

Матис, исто така, го пофалил Каменос за посветеноста на Грција на да одвојува 2 отсто (од БДП) за одбрана како и за неодамнешниот договор за надградбата на (авиони-н.з.) Ф-16 вредна 1,5 милијарди долари.

SHARE

Comments are closed.