Каменос ќе го урива Ципрас!

„Независни Грци“, партијата на Панос Каменос, се закани на опстанокот на владејачката коалиција со  СИРИЗА поради потпишаниот договор со Република Македонија.

Партијата не отстапува од барањето договорот од Преспа да биде изгласан во Парламентот со двотретинско мнозинство од 180 пратеници наместо обично од 150.

Членот на партијата и заменик-министер за транспорт и врски, Никос Мавраганис, соопшти дека без гласови на 180 пратеници „Независни Грци“ ќе се повлечат и владата ќе падне.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, тој предупреди дека “потписот на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас на договорот нема никакво правно значење“.

„Прво, правното значење на овој потпис е минимално, дури и нула“ вели Мавраганис според кој  важно е дали договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент со 180 пратеници како што бараат, доколку не владата ќе падне.

Минатата недела при гласањето доверба за владата на Ципрас во грчкиот парламент на барање на Неа  демократија, Панос Каменос рече дека ќе ја поддржи владата но дека нема да го ратификува договорот за името во кој е зборот Македонија.

SHARE