Каменос: Кога ќе дојде време, ќе ја напуштиме владата!

Лидерот на „Независни Грци“ , Панос Каменос, ја отвори можноста за напуштање на владата поради договорот за името со Скопје, јавуваат грчки медиуми.

Говорејќи пред Националниот совет на партијата, која е помал калиционен партнер на владејачката СИРИЗА во владата на премиерот Алексис Ципрас, Каменос рече:

„Според нас, за прашањето за името не може да се преговара“ рече Каменос и најави дека „кога ќе дојде време и ако дојде време“ ќе донесат одлука.

„За наше повлекување од владата“, рече лидерот на Независни Грци“, партијата која се противи во името на северниот сосед да биде вклучено, според нив, грчкото име „Македонија“.

3 Коментари

Оставете Коментар