Соработката и останувањето во владата ќе биде додека договорот од Преспа не дојде во парламентот,  изјави Панос Камнеос за време на неговиот говор пред Националниот совет на неговата партија „Независни Грци“ (АНЕЛ) во Солун.

„Кога ќе дојде договорот во парламентот ќе се повлечеме“, рече тој.

Претседателот на АНЕЛ потврди дека неговата соработка со СИРИЗА отсекогаш била „чесна и отворена, јавна соработка”.

„Јас не работев со Алексис за да го прикриам минатото, како што правеа ПАСОК и Неа демократија. Работевме заедно за да ја спасиме нашата татковина. Она што имаме да го кажеме е јасно и јајно “, рече П. Каменос.

SHARE

Оставете Коментар