Лидерот на „Независни Грци“, помалиот партнер во владејачката коалиција во владата на Алексис Ципрас, одново изјави дека неговата националистичка партија нема да го поддржи договорот за името од Преспа.

Панос Каменос, инаку актуелен министер за одбрана, денеска изјави дека „доколку овој договор стигне до грчкиот парламент, немаме мандат да продолжиме да останеме во влада“.

Каменос му предлага на Ципрас „луѓето да заземат став на референдум“ околу ова прашање , како второ секоја дискусија за ова прашање „да се одложи до крајот на нашиот четиригодишен мандат“, а трето “да оди на избори“.

Коалицијата СИРИЗА-Независни Грција има 152 пратеници во 300- члениот грчки парлемент.

Ципрас неодамна најави можност за одржување референдум околу Преспанскиот договор во Грција.

Оставете Коментар