Ќе стигне ли преспанскиот договор до грчкиот парламент

Лидерот на „Независни Грци, помалиот коалиционен партнер во грчката влада вели дека би ги повлекол сите министри и довербата на владата пред преспанскиот договор да стигне во грчкиот парламент.

„Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата“, рече Панос Каменос во утринското гостување на грчката ТВ „Антена“.

Како што пренесува МИА од Атина, Каменос повторил дека „Независни Грци“ имале разјаснето дека „ниту го прифаќаат договорот, ниту отстапуват од терминот Северна Македонија”.

Тој ја обвини Македонија дека го прекршувала договорт: „Господинот Заев веќе го прекршува договорот…кажувајќи работи кои не постојат во овој  договор“, изјавил лидерот на Независни Грци и додаде дека токму за ова Ципрас телефонски, минатата седмица разговарал со Заев.

SHARE