Грчки медиуми шпекулираат со разни сценарија откако денеска министерот за одбрана, Панос Каменос, не се појави на седница на влада, а  отсуството се толкува како „порака“ до премиерот, Алексис Ципрас.

Додека  Ципрас ја водел седницата ,Панос Каменос бил „на неколку метри подалеку – во кабинетот на „Независни Грци“  кој е на истиот кат во зградата, пишуваат грчки медиуми.

За отсуството на Каменос, неговите партиски колеги објасниле дека имал „итен телефонски разговор“, но тој не се појави на седница туку ја напуштил зградата додека седницата на владата се уште била во тек, за да присуствува на церемонија во Школата за поморски студии, на која присуствувал и претседателот Прокопис Павлопулос.

„Ефимирида“ пишува дека телефонскиот разговор наводно бил поврзан со скопското прашање.

Доцна вечерва беше објавебно дека Каменос за утре сабајле (8.30 по грчко време) ќе одржи вонредна прес конференција.

Ввчера Панос Каменос изјави дека „Нзависни Грци“ ќе се повлечат од владата „кога ќе дојде време“, повторувајќи дека ќе гласа против договорот за името ако дојде во парламентот.

Денеска, портпаролот на „Независни Грци“, Тодорос Тосунидис, изјави дека „да, постои шанса нашите патишта со СИРИЗА да се разминат“.

SHARE

Comments are closed.