Лидерот на „Неависни Грци“ помалиот партнер во грчката коалициска влада, потврди дека партијата нема да поддржи ниеден договор меѓу Атина и Скопје кој го содржи терминот „Македонија“, но, истовремено нагласи дека нема да ја стави коалицијата во ризик!?

На прес-конференцијата во Атина денеска тој рече дека иако партијата нема да поддржи сложено име со „Македонија“, тој и премиерот Алексис Ципрас одржувале „тесна соработка околу ова прашање“, пренесе „Катимерини“.

Според негово мислење, ќе помине повеќе од една година пред да бидат повикани грчките пратеници да одобрат договорот постигнат помеѓу премиерите на двете земји, бидејќи во пјРМ, како што рече,  предлогот ќе треба да помине во парламентот и референдум.

Сегашниот договор за кој, наводно, се договара меѓу Ципрас и неговиот колега Зоран Заев, „никогаш нема да биде одобрен“ на референдум во или од страна на пратениците во пјРМ, рече Каменос сугерирајќи дека за разврска на деценискиот спор има уште долг пат.

1 Коментар

  1. Според договорот Македонија ќе има обврска да информира 190 држави дека ќе биде „Република Северна Македонија”!!!
    Ние треба да НАПАРВИМЕ спротивно на Грчкиот план, и треба да побараме преостанатите држави во ООН да не признаат под Република Македонија, види:
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

Оставете Коментар