Каменос оди во Москва!?

Министерот за одбрана, Панос Каменос, ќе престојува во официјална посета на Русија, неколку дена по неговата посета на САД, каде што се состана со високи американски претставници, меѓу кои и за секретарот за одбрана, Џејмс Матис.

Каменос ќе отпатува за Москва на 29-ти октомври, каде што ќе разговара за прашањето за руското оружје во грчките вооружени сили.

Се очекува и грчкиот премиер Алексис Ципрас еден месец подоцна да престојува во официјална посета на Москва.