Министерот за одбрана на Грција и лидер на „Независни Грци“, помалиот коалиционен партнер во владата на Алексис Ципрас и денеска упати закани дека договорот потпишан во јуни во Нивици, нема иднина.

„По последните изјави на Заев сега е очигледно дека сите разговори за опстанокот на таканаречениот Преспански договор завршуваат“, изјави Панос Каменос, кој во нов напад приотив Македонија истакнал „тие се заробени во пропаганда на Мусолини и Тито“.

Иредентализмот и провокативното однесување на Скопје ѝ докажува на меѓународната јавност дека не само што не се подготвени да учествуваат во меѓународни организации, туку и дека ги оправдуваат сите оние кои од првиот момент инсистираат дека се ограничени на пропаганда на Мусолини и Тито“, рекол Каменос, пренесува „Иефимирида“.

SHARE

Оставете Коментар