Каменос: Разговорите за името неминовно ќе дојдат во ќорсокак

Панос Каменос, министер за одбрана и претседател на партијата Независни Грци, тврди дека разговорите за ново име на Македонија, кои се одвиваат со посредство на Обединети нации, неминовно ќе дојдат во ќорсокак, бидејќи очекува дека Парламентот во Скопје никогаш нема да донесе одлука за промена на Уставот.

Лидерот на помалиот партнер во грчката Влада за грчкото радио Алфа изјави дека попрво ќе се случат предвремени избори отколку промена на највисокиот законодавен акт на северниот сосед на Грција.

Тој уште еднаш истакна дека неговата десно ориентирана националистичка партија никогаш нема да гласа за име што го содржи поимот „Македонија“, без оглед на контекстот.