Каменос со „План Б“ за Македонија во Пентагон, безбедносен чадор Атина – Скопје – Белград (ВИДЕО)

Грчкиот министер Панос Каменос вчера имал полчасовна средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Пентагон.

Според грчки извори за време на средбата се зборувало за Скопје и за Преспанскиот договор.

Според информациите од Атина шефот на Независни Грци, помалиот партнер во грчката влада на Ципрас предложил План Б во случај да пропадне Преспанскиот Договор во македонскиот парламент

На средбата се говорело и за грчко – американското стратешко партнерство но главната поента која што грчките набљудувачи ја вадат од средбата била Македонија која е единственото прашање за кое не се согласуваат целосно Каменос и Матис. Според брифингот од грчката влада и на оваа тешка тема вчера во Пентагон имало корисна дебата.

Грчките извори пренесуваат дека Каменос зборувал за План Б според кој, доколку пропадне Преспанскиот договор, на Балканот треба да се формира безбедносна формација а во неа пред се треба да бидат трите земји по вертикала Грција, Македонија и Србија кои треба да учествуваат во таканаречен безбедносен чадор.

Ова прашање го нема во официјалното соопштение на Пентагон што според грчки извори се смета за одбиено од страна на Вашингтон.

Според официјалното соопштение на Пентагон министерот за одбрана Матис се сретнал со грчкиот колега Каменос при што станало збор за растечката воена соработка меѓу двете земји а двајцата министри ги реафирмирале долгогодишните одбранбени односи меѓу двете земји.

Каменос на средбата меѓу другото побарал САД да има перманенто присуство на американската армија на повеќе локации во Грција.

1 Коментар

  1. vo poslednava decenija kupivte oruzje za poveke desetici milijardi dolari pa use barate poveke vojska so oruzje ?! … aj nakaj Turcija ke ve razberam vi e vuna ama da se plasite od golorak makedonski narod mora da ste vo teska psiholoska sostojba ! ! ! ! !

Оставете Коментар