Каменос за грчкиот долг и името „Македонија“

Пратеникот во грчкиот парламент Димитрис Каменос изјавиl дека договорот за грчкиот долг зависел од тоа дали Грција била подготвена да го даде името „Макаедонија“  на северниот сосед, пишува британски медиум.

Министрите за финансии на еврозоната ќе разговараат за олеснување на долгот за Грција во четврток за да осигураат дека земјата може да се врати на финансискиот пазар по осумгодишни заеми од владите на еврозоната.

Сепак, потенцијалните кредитори разбирливо бараат уверување од еврозоната дека Грција нема да се врати кон трошењето што ја донесе економијата на работ на колапс во 2009 година, доколку одново ѝ позајмат пари.

Според еден грчки политичар, пишува британски „Express“ Грција не направи никаква штета на своите шанси да ги убеди странските кредитори да го ослободат грчкиот народ од годините на финансиски понижувања под подобри услови, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас се согласи да се справи со својот македонски колега за преименувањето на својот сосед како ‘Република Северна Македонија’“.

Вчера, контроверзниот пратеник Димитрис Каменос (кој ја напушти партијата „Независни Грци“ – н.з.), изјави: „Дали Грција ќе добие договор за долгот зависеше од тоа дали ќе го даде името Македонија”, пишува британскиот весник.