Потпретседателот на грчката Влада и министер за одбрана Панос Каменос го обвини македонскиот премиер Зоран Заев дека „кажува работи што не се во договорот“.

„Владата треба да се жали на премиерот на БЈРМ за прекршување на договорот. Заев не објаснува дека земјата повеќе нема да се нарекува ‘Македонија’“, изјави лидерот на помалиот коалициски партнер во Владата на Алексис Ципрас.

Каменос уште еднаш повтори дека неговата партија Независни Грци (АНЕЛ) нема да гласа за ратификување на Договорот од Преспа, порачувајќи дека ќе сторат сè тој да не помине во грчкиот Парламент.

„Договорот нема да биде ратификуван. Ние, владините партнери, ќе сториме сè во наша моќ тој да не биде ратификуван. Јасно кажавме дека нема да гласаме (за договорот). Ја презедов таа обврска јавно пред извесно време“, додаде тој за „Антена“.

Првиот човек на АНЕЛ стави на знаење и дека неговата мала десничарска партија „ќе ја повлече поддршката“ за левичарската Влада ако договорот потпишан во јуни дојде пред пратениците за гласање.

„Други потоа ќе треба да истапат како партнери на Владата“, нагласи тој, со што го негира тврдењето на Ципрас од почетокот на месецов дека Независни Грци нема да сторат ништо за да го спречат договорот од Нивици.

 

1 Коментар

  1. Nisto nema da me zacudi ako crpnatiot posle referendumot izvadi od fioka nesto treto kade sto nema nitu Makedonija nitu MAKEDONCI.

Comments are closed.