Каменос: Заев и Димитров го вознемируваат грчкиот народ

Министерот за одбрана на Грција и лидер на „Независни Грци“- помалиот коалиционен партнер во грчката влада вчера обвини дека изјавите на властите во Скопје ги провоцираат и го вознемируваат грчкиот народ кој ќе го има последниот збор за Договорот о Преспа.

Панос Каменос учествуваше во Неформалните министри за одбрана на ЕУ, што се одржа во Виена, а грчки медиуми ја пренесуваат неговата изјава:

„Македонски официјални претставници, премиерот и министерот за надворешни работи, со провокативни изјави против Грција, го попречуваат секој обид за изнаоѓање на решение. Повикувањето на ‘македонска нација’ е спротивно на било кој договор. Се што тие успеваат е да го вознемират грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните промени во Скопје“, изјавил Каменос.

Вчера, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров меѓу другото изјави: „Кога договорот ќе стапи во сила мојата земја ќе се вика Република Северна Македонија и ние ќе бидеме Македонци кои ќе го говорат македонскиот јазик”.

Тој, сепак, забележа – пренесуваат грчки медиуми – дека поимот македонски има различни значења и дека и во Грција има Македонци. Тој додаде дека постои разлика меѓу земјата и регионот Македонија и дека оваа разлика е erga omnes.

1 Коментар

Оставете Коментар