Каменос знаел дека нема да има договор за името!

Потпретседателот на грчката опозициска Неа демократија, Андонис Георгиадис вели дека лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос се силел дека нема да ласа за договор со Скопје бидејќи знаел дека договор – ќе нема.

„И сето она силење на Каменос дека нема да гласа е со сигурност затоа што знае дека нема да дојде до никаков договор. Зошто не може да дојде до договор?, Бидејќи договор што нема да биде ерга омнес, за сите, не може дапомине во грчкиот парлемент“ изјавил Георгијадис кој, како што пренесува МИА од Атина, се пофалил дека тој од почетокот велел дека нема да постои договор со Скопје.

Коментирајќи ги последнитеизјави на премиерот Зоран Заев, тој уште додал дека тие ставови биле идентични со оние на Груевски од 2008 година и затоа Караманлис ставил вето во Букурешт, пренесува МИА.

1 Коментар

Comments are closed.