Камион излетал од патот на Плетвар (ФОТО)

Силниот дожд и лизгавиот коловоз најверојатно е причина за излетувањето од патот на камион на планинскиот превој Плетвар.

Инцидентот се случил околу 17 часот денеска на делница од патот Росоман – Прилеп кога камионот излетал од десната страна на патот.

За среќа нема загинати и повредени лица во незгодата.